МИЛКА МИНКОВА
МИЛКА МИНКОВА
ЖИВОТЕ МОЈ!!! ЖИВОТЕ НАШ!!!
Денови и години минат, А ти како чаша рујно вино, Катаден голтка по голтка Ми нудиш. Некогаш ми годи И среќна сум, Некогаш горок е вкусот, Што душата ми ја стега. Но секој од чашата своја си пие, Се до последната голтка Не ја испе. Тогаш и горчината ќе ја снема, Зашто со последната капка И допиената чаша На секој од нас Завршува последниот Животен час.
МИЛКА МИНКОВА