top of page

Милка Минкова


Милка Минкова

СОЛЗА

И повторно таговина во дамари стапна, и повторно од око солза капна, воздишка тешка за повторна грешка душа трепери и в молк се вдаде сите изминати години друг љубовта ми ја краде.. Што судба ќе беше белина да не видам во црнила и темнина цел живот да бидам.. Ќе дојде ли ден среќата да ја сретнам и мојата душа барем малку осветлам. Од пуста таговина и денот и ноќта во темнина ги гледам, незнам како судбата да ја препредам. Од детството заедно со мене чекорат тие темни дни, ко врани црни колват да не можам да ги остварам моите сни. Но иако понекогаш надежта ја губам, повторно се враќам самиот да не се изгубам. Се надевам, среќата ќе го најде патот до мене Солзата да ја сопре, душата развесели, стопле. И јас сум душа за љубов желна, зарем треба да постои делба.. И моето срце љубов знае да дарува и во него добрина царува. Судбата таква ми била да замине саканата мила па во црнила мислата ја води што не може таговината да ја преброди. И повторно ете, таа таговина в дамари ми стапна, и повторно солзата капна.

Милка Минкова

اخر المنشورات
 
bottom of page