top of page

Милка Минкова


Милка Минкова

ЗНАМ...!!!

Знам, ја сум, онаа што те остава со безсони ноќи, онаа што во дамари се сокрила, со љубоен ишарет покрила онаа што зборот ти го зела онаа што со љубов задоила срцето целосно освоила.

Знам дека јас сум онаа за која ноќта ден ја правиш, онаа, во чија сенка се давиш, онаа, за која се би направил онаа, за која со сѐ би се справил.

Знам, јас сум таа самовила што в душата твоја се свила и мир не ти дава, те остави, без ум в глава. Знам, но не можам да бидам твоја зашто не си карма моја. На друг припаѓам, друг ги љуби усните мои иако сакам да се усните твои.

Твоите раце, нежно да ме галат, твоите зборови, срце да ми палат, да бидам твоја утеха, твојот омилен цвет единствената љубов на овој свет..

Милка Минкова

اخر المنشورات
 
bottom of page