Милка Минкова
Милка Минкова
Пролетна љубов
Пролетта се разбуди,
ко утрото кога зазорува
и моите чувства
ги пробуди,
разгорува.
Љубовта поново блесна
во ново руво,
во нов сјај,
оф, поново да љубиш е прекрасно знај.
Секое сетило
се раздвижува
кон вљубените приближува
се разгорува
затлеаното чкоре,
што се вивнува во плам
заедно со цветовите и љубовта цвета знам..
Таа љубов наша што в зима стуткана беше и
од таговини ѕемнеше, облече нова руво
со цветен сјај
Ме сакаш, Те сакам знај..
Се сакаме виорејќи низ пролетниот рај