Милка Минкова/ ПОГЛЕД
Милка Минкова
ПОГЛЕД
Погледот мој, ја раскажува целата сказна, за љубовта моја што за тебе беше неважна.
Зошто, се прашував!? дали беше тоа вистина или само измислица што не ми даваше спокој.
Те сакав, не сакав да те изгубам но, во тие матни води од љубомора се повеќе тонев.
А ти, секогаш беше со мене секоја моја желба за тебе беше како заповед од многу нешта се откажуваше за мене.
Ох, зошто ли тоа натажено лице, зошто таа љубомора се испречи меѓу нас па сета убавина, во рушевина ја претвори за час.
Можеби зашто те сакав, не, нешто друго в глава ме скокоткаше па умот кон неубост ми го моткаше. .
Од пред нос подалеку не гледав, сета таа љубомора не ми дозволи да видам колку ме сакаш, да ја почувствувам љубовта твоја, зашто пред неа секогаш беше одбивноста моја.
Не можев веќе, боледував без болест, љубоморев без доказ, се изгубив од патот на љубовта. Но, ти беше тој што ме врати пак на тој пат.
Ме прегрна и тивко ми рече "Илјада пати можам да ти кажам дека те сакам а да де лажам, погледни во моите дела тука е вустината цела.