top of page

Милка Минкова\ СЕКОГАШ ЗАЕДНО


Милка Минкова

СЕКОГАШ ЗАЕДНО

Со свилен конец, црвен по боја, ја везам љубовта наша. љубовта моја и твоја..

Толку вешто бодовите ги правам да не погрешам, грешен бод да не направам

А понекогаш, очите ќе ти замрачат, некоја солза пуштат, заплачат

Но, секоја грешка сами ја поправаме бодови нови правиме за љубовта да ја славиме

Со вербата наша моја и твоја со децении ја опстојуваме љубовта своја.

Секогаш заедно и во добро и зло чекориме по исто тло

Годините минат, полека одминуваат но, се пивеќе со љубов не даруваат

Сеуште в рака го држам свилениот конец со црвена боја не сакам да згасни љубовта наша, љубовта моја и твоја.

Нашите срца се вклопени во едно, опточено со љубовната боја црвената силно сјае дека ќе бидиме заедно секогаш и тоа знае.

اخر المنشورات
 
bottom of page