top of page

Milka Minkova\ О Д Л Е Т А Ј


Milka Minkova

О Д Л Е Т А Ј

Со прекрасните есенски бои беше мојот есенски дар во душата со скриени чувства нежно те милував Како парадокс на една неостварена желба што во мене тлееше. Господар беше на друго срце а моето копнеж за тебе, Илузија безвременска, невозможното да стане возможно... во мислите беше мој и ти и твоето тело.. ги спојував тие две тела до колмунацијата на возвишена љубов, но не можев да ги спојам душата и срцето... Не беше мој... беше на друга "Не мори ја својата и неговата душа"... си реков.... Дај му слобода... Тоа беше само еден есенски дар, што ветрот го залутал во твоите раце.... Ги отворив рацете во кои нежно те држев.... Одлетај.!!! .. ти реков... кај срцето за кое и твоето копнее.... Спој ги двете... и моето да се смири. ОДЛЕТАЈ!!! и јас да имам мир....

اخر المنشورات
 
bottom of page