top of page
Search

ЕЈ... ЖИВОТЕ/Милка Минкова

  • Writer: اياد البلداوي
    اياد البلداوي
  • Jun 25, 2020
  • 1 min read

Милка Минкова

ЕЈ... ЖИВОТЕ..!!!

Еј, животе, ти подлецу.. зошто ми ги сотре сите илузии кои ми беа светлина на патот удолница на таговината.

Ме остави во небиднината, како бездушник да талкам барајќи ги душите на моите најмили, кои беа сржта на моите сили.

Еј..! животе, ти подлецу зошто и мене не ме понесе со нив зошто го остави мојот здив. осамен, да талка без да се спое со некоја алка.

Заминаа тие... а што правам јас... роб станав на себе.. дојди...!!! скрати ги маките, земиме да појдам со тебе.

Дојди, во ноќите тмурни, во ноќите на месечевите мени дојди и здивот мој го земи.

Таговина да се сотре кај своите да си појде да си најде во рајската шир спокој и мир.

 
 
 

Комментарии


اخر المنشورات
 

تصميم : حيدر الحافظ

bottom of page